Ѓоковиќ: Доколку не верував дека можам да победам на Ролан Гарос, немаше воопшто да доаѓам

Новак Ѓоковиќ пред настапот на вториот годинешен гранслем-турнир, Ролан Гарос, изјави дека очекувањата му се помали од минатото, но и дека надежта за нов трофејо постои и се надева дека ќе игра подобро и ќе бележи подобри резултати како одминува сезоната.

Ѓоковиќ во последно време игра лошо, на Мастерсот во Рим загуби во третото коло од Чилеанецот Табиљо во два сета (2:6,3:6), а на последниот турнир пред Ролан Гарос, на турнирот во Женева беше поразен во полуфиналето од чешкиот тенисер Томас Мачац со 4:6,6:0,1:6.

„Сакам да бидам подобар од минатата недела. Од секој пораз сакам да излезам како подобар и така ќе биде се додека играм тенис. Знам кои си моите квалитети, ако се чувствувам добро физички и ментално, тогаш е потребно малку среќа бидејќи така се освојуваат гранслем-титули. Тоа го почувствував 24 пати додега.

Знам што треба да направам на гранслем-турнирите кои се сосема поинакви од останатите турнири. Сега доаѓам во Париз со мали очекувања и големи надежи. Доколку не бев подготвен на сè, немаше воопшто да доаѓам тука. Не доаѓам на гранслем-турнир ако знам дека не можам да го освојам.

Кога ќе почувстувам дека не можам да освојувам турнири најверојатно во тој момент ќе се повлечам. направам. Се додека можам да ги победам најдобрите тенисери, на некои турнири повеќе, а на некои помалку, јас сум и понатаму прв, а тоа сигурно нешто значи“ изјави Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести