Ѓоковиќ е како машина: За неколку часа обезбеди два пласмана во полуфинале на ЛОИ

Во изминативе неколку денови, тенисерите кои играат во Токио најмногу се жалеа на топлото време, но најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ, покажа дека за него нема никакви препреки. Ѓоковиќ најпрво успеа да се пласира во полуфиналето на машкиот дел од турнирот откако лесно со 6:2, 6:0 го победи Нишикори, а потоа се фокусира и во играта на двојки.

Во комбинација со Нина Стојановиќ, Ѓоковиќ успеа да се пласира и во полуфиналето на турнирот во мешани двојки. Ѓоковиќ/Стојановиќ без многу проблеми со 6:1, 6:2 ја победија германската двојка Кевин Кравиц и Лаура Зигемунд.

Ѓоковиќ утре го чекаат уште два меча. Најпрво во полуфиналето на машкиот турнир ќе игра против Александер Зверев, а потоа во полуфиналето на мешани двојки за ривали ги имаат Русите Аслан Карачев и Елена Веснина.

 

- Оглас -

Најнови вести