Ѓоковиќ е непобедлив во Мелбурн, сè беше решено уште во првиот сет

Новак Ѓоковиќ со 7-6, 6-4, 6-3 го победи Роџер Федерер во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и докажа дека без конкуренција е најдобар на овој турнир во последната деценија. За Ѓоковиќ ова е 27-ма победа во 50-те дуели со швајцарската легенда. Федерер немаше сили, но и нерви да го порази шест години помладиот ривал.

Ветеранот почна супер, поведе со 5-2, а при 5-3 имаше гејм на свој сервис и шанса да го заврши сетот во своја полза. Но, Федедер не ја искористи шансата, го загуби тој гејм без освоен поен и на Новак му тргна, по што веќе немаше запирање. Федерер уште од Вимблдон 2012 нема добиено три сета против Ѓоковиќ.

Противник на Ноле во финалето ќе му биде Александар Зверев или Доминик Тим. Ѓоковиќ ќе оди по осмата титула во „Мелбурн парк“, а Зверев и Тим немаат ваков трофеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести