Ѓоковиќ е се поблиску да го сруши рекордот на Штефи Граф

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, вчера конечно се израдува на првиот трофеј во 2022 година. Ѓоковиќ триумфираше на АТП Мастерс турнирот во Рим, покажувајќи дека полека се враќа во старата форма.

Во Рим, популарниот Ноле се израува и на јубилејната 1.000 победа во кариерата, а од денеска тој ја започнува 370-тата недела како лидер на светската АТП листа. Ѓоковиќ е рекордер по бројот на поминати недели на врвот на АТП листата во машка конкуренција, но Србинот има предизвик да ја достигне легендарната Штефи Граф.

Некогашната германска тенисерка има поминато 377 недели како број 1 во светскиот тенис кај жените, што значи дека на Ноле му се потребни уште два месеци да го задржи лидерското место, за да ја надмине Граф.

На најновата АТП листа, Ѓоковиќ има 8.600 поени, втор е Данил Медведев со 7.980 и Акелсандер Зверев со 7.200 бодови. Во Топ 5 се уште и Стефанос Циципас со 6.170 и Рафаел Надал со 5.525 поени.

Од денеска започнуваат квалификациите на Ролан Гарос, па претстои уште една интересна тениска недела.

- Оглас -

Најнови вести