Ѓоковиќ е ставен пред свршен чин, нема да игра на омилениот гренслем ако не се вакцинира

Новак Ѓоковиќ и сите тенисери што не се вакцинирани против Ковид-19 и дефинитивно нема да настапат на Австралија опен.

Конечната одлука денеска ја соопшти Крејг Тили, кој е извршен директор на гренслемот во Мелбурн, што треба да се игра во јануари идната година.

Ѓоковиќ се изјасни дека негов личен избор е дали ќе се вакцинира, или не, но сега е пред свршен чин и може да го пропушти омилениот гренслем турнир.

Во Мелбурн победуваше дури 9 пати, од вкупно 20 на сите четири гренслема, таму ја освои првата од 20-те гренслем круни и е актуелен шампион што секако ќе беше голем фаворит за нов пехар.

Новак има шанса за рекорд и 21-ва гренслем титула што би бил најдибар биланс на сите времиња.

Моментно е на делба на првото место на вечната листа со Федерер и Надал, кои исто така имаат дваесетки во богатата колекција со пехари.

Организаторите на турнирот најавија дека нема да има рестрикции за публиката и дека ќе се игра пред полн капацитет на терените во Мелбурн, но влез ќе биде дозволен само со сертификат, како потврда за вакцинација.

„Ние го очекуваме Новак во Мелбурн. Вакцинирањето како што тој кажа е личен избор, а познато е дека нашиот турнир му е меѓу омилените и како што вели настапот на Австралија опен секогаш му дава крилја“, изјави Тили, додавајќи ја и информацијата дека портите за влез на тениските терени во Мелбурн ќе бидат ширум отворени само за вакцинираните љубители на тенисот.

 

- Оглас -

Најнови вести