Ѓоковиќ: Федерер е икона на тенисот

По најавата дека Роџер Федерер го чека нова долга пауза и дека нема да игра на првите три гренслем-турнири во 2022 година, поддршка за Швајцарецот дојде од моментно најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Новак се надева дека 40-годишниот Федерер ќе се врати на терените и дека нема кариерата да ја заврши на ваков начин, спречен да игра од разните повреди. Федерер изјави дека мали се шансите да се појави на Вимблдон, кој се игра во средина на годината.

„Роџер е икона на нашиот спорт и луѓето во светот го сакаат. Сакаат да го гледаат како игра, а тој е важен за тенисот и надвор од терените. Се надевам дека ќе можеме да го гледаме повторно како игра. Сигурен сум дека и тој не сака да ја заврши кариерата на ваков начин. За сето тоа што го постигнал и го направил за овој спорт, заслужува да игра и да има достојно испраќање“, изјави Ѓоковиќ, кој ако го освои завршниот АТП-турнир, ќе се изедначи со Федерер со шест титули на овие турнири на кои[to играат осумте најдобри на светот.

- Оглас -

Најнови вести