Ѓоковиќ ги издржа сите провокации од противникот и се пласира во третото коло во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ ќе игра во третото коло на Отвореното првенство на Австралија откако во меч кој траеше повеќе од три и пол часа со 3:1 во сетови го победи Френсис Тијафо. Американецот беше аутсајдер, но успеа да му зададе мака на првиот фаворит на турнирот.

Во првиот сет Ноле успеа да направи два брејка, но еднаш го загуби и својот сервис, а на крајот го доби со 6:3. Тијафо одлично одигра во вториот сет и откако ниту еден тенисер не направи грешка на свој сервис, се играше тај-брејк, во кој Американецот беше подобар со 7:3 и израмни на 1:1 во сетови.

Тај-брејк имаше и во третиот сет, но овојпат Ѓоковиќ беше подобар со 7:2 и стигна до 2:1 во сетови. Четвртиот сет беше последен, а Ноле со два брејка успеа да го зададе последниот удар и целосно да го скрши отпорот на Американецот добивајќи го сетот со 6:3.

Освен што даде солиден отпор на теренот, Тијафо неколку пати „чудно“ се однесуваше и се обиде да го испровоцира противникот. Американецот трипати доби казна од судијата, а еднаш дури влезе и во делот каде што е Ѓоковиќ. Србинот остана имун на овие „испади“ на противникот и ја задржа концентрацијата недозволувајќи да направи кикс.

https://twitter.com/i/status/1359398893725888517

 

- Оглас -

Најнови вести