Ѓоковиќ ги израдува своите фанови, дефинитивно ќе игра на Отвореното првенство на САД!

Светскиот тениски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, објави дека дефинитивно ќе учествува на претстојниот гренслем, Отвореното првенство на САД, кој се игра во Њујорк. Ова е одлична вест за неговите поддржувачи кои со право очекуваат тој да овои уште еден гренслем-трофеј. Патот до титулата му е олеснет со неиграњето на многу ѕвезди, меѓу кои и Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои ќе ги нема на терените на „Флешинг Медоус“.

Ѓоковиќ, кој во моментов е во Марбелја во Шпанија, за време на престојот во САД ќе игра и на Мастерсот, кој обично се игра во Синсинати, но годинава и тој ќе биде во Њујорк, како генерална проба пред гренслемот на тврда подлога.

„Не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука, особено земајќи ги предвид сите пречки и предизвици, но се радувам што ќе можам повторно да се натпреварувам на тениските терени“, напиша Србинот на „Инстаграм“.

Отвореното првенство на САД ќе почне на 31 август, во специфични услови, без публика и со силни здравствени мерки. Еден од услов на европските тенисери беше да се укине 14-дневниот карантин по нивното враќањ, и на тој начин да може да играат на Мастерсот во Рим и на „Ролан Гарос“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести