Ѓоковиќ ги пакува куферите за дома, а на Австралија опен веднаш му најдоа замена

Италијанскиот тенисер Салваторе Карусо е играчот кој ќе го замени Новак Ѓоковиќ на Австралија опен. Најдобриот тенисер во светот доби одлука од судот дека мора да ја напушти Австралија, па Ѓоковиќ нема да биде во можност да го брани тронот на првиот Гренд слем турнир во сезоната.

По исфрлувањето на Ѓоковиќ, организаторите на Австралија опен веднаш најдоа замена. Италијанецот Карусо кој загуби во третото квалификациско коло, е среќниот губитник што ќе го заземе местото на Србинот.

Карусо моментно е на 150 место на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести