Ѓоковиќ ги скара Австралијците- Во Мелбурн знаат дека не може без шампионот, Викторија тера инает

Новак Ѓоковиќ ги скара Австралијците пред стартот на првиот гренслем турнир во сезоната, во Мелбурн на Австралија опен, а ситуацијата е комплицирана.

Организаторите на турнирот знаат каков симбол за Отвореното првенство на Австралија е големиот шампион и го ставија директно на листата со учесници за ждрепката, но Владата на Викторија бара Ѓоковиќ и сите тенисери што сакаат да играат во Мелбурн да бидат вакцинирани.

Новак е актуелен шампион на турнирот и рекордер со 9 титули, а се бара чаре тој по секоја цена да настапи и да има можност и да ја брани титулата од 17. до 30. јануари.

Патем ако успее да победи да ја прокнижи јубилејната 10-та ѕвездичка во Мелбурн и истовремено да стане апсолутен рекордер со 21 гранслем титула на вечната листа на шампиони со најмногу пехари на четирите најценети тениски турнири.

 

- Оглас -

Најнови вести