Ѓоковиќ го загубил златниот медал од ЛОИ во Париз и го фатило паника

Новак Ѓоковиќ вечерва по полноќ ја почнува одбраната на титулата на Отвореното првенство на САД, а пред заминувањето во Њујорк, имал големи нервози и го фатило паника.

Тој не можел да го најде златниот медал од Олимписките игри во Париз, а медалот му требал во САД за да го покажува на некои промотивни настани.

„Заборавив каде е медалот, децата си играа со него и некаде го сокриле. Во еден момент почна да ме фаќа паника бидејќи морав да го однесам во САД. Една ноќ ќерка ми спиеше со медалот, а другата ноќ син ми спиеше со медалот“, раскажа Новак.

Ситуацијата толку му се искомплицира на Новак, што тој без златото од Париз се качи на авион за САД. Потоа членовите на неговото семејство олимпиското злато го пронашле дома и го испратиле по физиотерапевтот Миљан Амановиќ, кој отпатува во Америка еден ден по најдобриот тенисер на сите времиња.

Ѓоковиќ призна дека му олеснило што го освоил толку посакуваниот медал.

„Кога победив во полуфиналето, паднав на земја бидејќи знаев дека ми е загарантиран медал. Но, среброто не беше мојата крајна цел. Одев по злато. Тоа беше еден од моите најдобри настапи во последните години. Олимписките игри се најважниот спортски настан“, вели Новак, кој не ја исклучува можноста да игра и на следните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести