Новак Ѓоковиќ забележа лесна и убедлива победа над Холгер Руне и обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон. Српскиот тенисер мечот против Данецот го доби со максимални 3-0 и без посериозни проблеми.
Во првиот сет беше доволен еден брејк, кој Ѓоковиќ го освои уште во вториот гејм, а потоа одигра само рутински за 6-3. Слично беше и во вториот сет, кога еден брејк беше решавачки, но овојпат во финишот од сетот. Ѓоковиќ го доби седмиот гејм за победа од 6-4.
Најубедлив беше третиот сет, кој му припадна на Србинот со убедливи 6-2 откако направи два брејка, во првиот и во седмиот гејм.
Новак Ѓоковиќ е последниот четвртфиналист на Вимбдлон, а за пласман во полуфиналето за противник ќе го има тенисерот од Австралија, Алекс де Минаур.