Ѓоковиќ и Надал во исто време објавија дека ќе играат на ист турнир

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, и дефинитивно ќе игра на Мастерс турнирот во Индијан Велс.

„Поздрав до сите љубители во Калифорнија, на Индијан Велс. Последен пат таму бев во 2019 година, што е предолго време за отсуство од еден од најдобрите турнири во светот. Веројатно омилен мастерс на многу тенисери, вклучувајќи ме и мене. Едвај чекам да дојдам и да играм пред една од најдобрите публики во светот“, рече Ѓоковиќ.

Освен Ѓоковиќ, на Индијан Велс ќе игра и Рафаел Надал. Некогашниот тренер на Рафа и негов вујко, Тони Надал, вели дека Шпанецот едноставно мора да почне да игра на турнири.

„Нема избор. Мора да се натпреварува. Предолго е надвор од теренот. Ако не се натпреварува, нема да може правилно да се подготви“, рече Тони Надал.

Мастерсот на Индијан Велс се игра од 6 до 17 март.

- Оглас -

Најнови вести