Ѓоковиќ и невакциниран ќе може да игра на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ќе може невакциниран да игра на гренслем-турнирот Вимблдон, откако Владата на Велика Британија донесе закон со кој од 11 февруари во земјата ќе може да влезат и лица кои не примиле вакцина против ковид-19.

Секој што ќе сака да влезе во Велика Британија, не мора да биде вакциниран, но ќе мора да покаже негативен ПЦР тест и да направи уште еден тест два дена по влегувањето во Британија.

Ова ја отвора вратата за настап на Ѓоковиќ, се разбира доколку законот остане на сила до стартот на Вимблдон на 27 јуни.

- Оглас -

Најнови вести