Ѓоковиќ игра против тенисер што веќе елиминираше двајца фаворити

Новак Ѓоковиќ против Тејлор Фриц ќе игра во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Париз. Американецот е 26-ти на АТП-листата, но во Париз покажа дека знае да изненади, па во претходните две кола ги елиминира Британецот Нори и Рублев од Русија, кои беа фаворити, но загубија.

За разлика од Фриц, кој имаше тешки мечеви, Ѓоковиќ вчера воопшто не се појави на теренот бидејќи Гаел Монфис поради повреда го предаде мечот, што значи дека Србинот е дополнително одморен за денешниот предизвик.

Ѓоковиќ и Фриц сезонава играа двапати, и тоа на Отвореното првенство на Австралија и во Рим. На гренслемот во Мелбурн, Србинот се намачи и победи во пет сета со 3:2, додека во Рим беше 2:0 за фаворитот, но тогаш тој меч траеше пет часа. Дуелот во Рим мораше да биде прекинат поради дожд, а Ѓоковиќ во еден момент збесна и му се развика на судијата кој не го прекина дуелот навремен затоа што почна силно да врне.

https://twitter.com/i/status/1392131437202075650

Денеска во Париз не се очекува дожд, а целта на Ѓоковиќ е да стигне до петтата победа во петтиот меч против Фриц.

 

- Оглас -

Најнови вести