Ѓоковиќ избришан од листата за тренинг, дали е ова знак дека следува депортација?

Нов ден и нови проблеми за Новак Ѓоковиќ во Австралија. Најдобриот тенисер во светот вчера го доби својот противник за првото коло на Отвореното првенство на Австралија, а по неколку часа, Србинот изненадно го прекина тренингот откако еден член на неговиот табор му покажа најверојатно загрижувачка порака.

Тогаш многумина не знаеја зошто Ѓоковиќ загрижено го напушти тренингот, но потоа работите станаа јасни. Новак бил избришан од листата за следни тренинзи на терените во Мелбурн, а образложение зошто е тоа направено едноставно нема.

Многумина шпекулираат дека токму денеска, австралискиот министер за иниграции ќе ја донесе својата конечна одлука дали Ѓоковиќ треба да биде депортиран од земјата или, сепак, ќе остане да го брани тронот кој досега го има освоено девет пати.

- Оглас -

Најнови вести