Ѓоковиќ ја тужи Австралија, но фотографиран е во авион без маска!

Новак Ѓоковиќ подготвува тужба против државата Австралија за лош третман, и ќе бара отштета од 3,8 милиони евра.

Тимот на најдобриот светски тенисер, смета дека со неиграњето на Австралијан опен, Новак е оштетен за 2,76 милиони евра колку што е паричната награда за победа на турнирот, а остатокот се пари за понижувањата и лош третман за време на престојот во Австралија, пред да биде депортиран.

Но, од друга страна, медиуми објавија фотографија на која Ѓоковиќ седи без маска на лицето во авионот со кој од Австралија беше депортиран. Доколку се покаже дека навистина контроверзната слика е од тој лет, Новак ќе им даде повод за напад на своите противници.

- Оглас -

Најнови вести