Ѓоковиќ како да призна дека намерно загубил катастрофално?!

Речиси и да не се памтеше кога Новак Ѓоковиќ освоил само три гејма на еден меч, за денеска Србинот да биде понижен од Лоренцо Сонего на АТП турнирот во Виена. Италијанскиот тенисер кој е на 42 место на АТП листата, брзо поведе со 4:0 во првиот сет и лесно го доби со 6:2.

Во вториот сет, Ѓоковиќ продолжи да делува незаинтересирано, а Сонего успеа да освои три гејма на сервис на светскиот рекет број 1 и го доби сетот со 6:1. Иако многумина ова го доживеаа како понижување за Србинот, Ѓоковиќ воопшто не делуваше разочарано по мечот.

Ноле објасни дека во Виена дошол само за да го обзбеди првото место на АТП листата за до крајот на годината, а тоа му успеа по победата над Хрватот Борна Чориќ.

„Да, тоа што го обезбедив првото место на АТП листата до крајот на годината, имаше големо влијание на мене. Го направив тоа што го сакав и тоа за кое што дојдов тука на турнирот. Го обезбедив првото место на АТП. Одиме понатаму, сосема сум во ред со денешниот резултат. Здрав сум и само гледам напред, сакам добро да ја завршам годината во Лондон“, рече Ѓоковиќ по срамниот пораз од Сонего.

 

 

- Оглас -

Најнови вести