Ѓоковиќ клечеше, ја молеше, ѝ даваше подароци, но таа го откачи (Видео)

Пред натпреварот со Џон Изнер на Мастерсот во Шангај, на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му се случи една непријатност, па наместо со мало девојче за рака, на терен мораше да излезе сам.

Додека Американецот Изнер немаше никаков проблем, малото девојче кое требаше да го придружува најдобриот тенисер на светот, ги одбиваше сите покани од Ноле. За да го омекне, Ѓоковиќ на срамежливото девојче му нудеше и подарок, но и тоа не помогна.

Жените од организацијата на турнирот му објаснуваа на девојчето дека само треба на тенисерот да му подаде рака, но таа одбиваше. Новак не сакаше да инсистира, па сам излезе на терен.

Погледнете како изгледаше целата ситуација:

- Оглас -

Најнови вести