Ѓоковиќ лани беше депортиран, а сега може и заразен да игра на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ на најдобар можен начин ја започна 2023 година, триумфирајќи на турнирот во Аделаида, кој е „загревање“ за првиот Гренд слем, Отвореното првенство на Австралија. Србинот минатата година немаше шанса да атакува на јубилејната 10-та титула во Мелбурн, откако властите во Австралија не му дадоа дозвола за влез во земјата и го депортираа, затоа што не беше вакциниран за заштита од Коронавирусот.

За разлика од лани, оваа година Ѓоковиќ доби дозвола невакциниран да влезе во Австралија и ќе игра во Мелбурн. Челниците на турнирот најавија дека дури нема ни да ги тестираат тенисерите пред мечевите, што значи дека дури некој тенисер може да игра иако е позитивен на опасниот вирус.

„Само сакавме да ги следиме случувањата во заедницата. Отидовме и чекор понатаму и даваме препорака да се избегнува да се игра доколку болни. Нашите медицински стручњаци се тука да ја следат целата ситуација. Јасно нагласивме дека ако некој од тенисерите не се чувствува добро да остане дома. Тоа значи дека потенцијално може да се случи и некој тенисер да настапи дури иако е заразен со Коронавурисот“, објасни директорот на првиот Гренд слем турнир, Крег Тилеј.

- Оглас -

Најнови вести