Ѓоковиќ лично се потпиша на моторот брендиран со негови ознаки (Фото)

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, доби едно изненадување откако по прес-конференцијата во Белград, на која говореше за хуманитарната турнеја во регионов, во која ќе ја заобиколи Македонија, беше пречекан од еден постар фан кој му покажа мотоцикл „веспа“ со негови детали. Навивачот доби и автограм, а Ноле се воодушеви од тоа што го виде.

„Пет години го чекав ова“, рече возбудениот навивач на Новак.

Инаку и регистарските таблички на моторот се поврзани со Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести