Ѓоковиќ може да остане без еден од моќните спонзори?

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, има цврсти спонзорски договори со моќни фирми познати во светот, а после скандалот во Австралија, многумина помислија дека може да има проблем на релација спонзори-тенисер.

Сепак, од сите спонзори кои ги има Новак, од тие што јавно се произнесоа, засега само „Лакост“ не е сигурен дали ќе ја продолжи соработката, туку од компанијата најавиле дека ќе разговараат со тенисерот околу случувањата во Австралија.

Две компании потврдија дека остануваат со Новак, а тоа се Рајфајзен банка и Ибло (Hublot) кој е швајцарски производител на часовници.

Останатите спонзори не сакале да коментираат дали ќе останат покрај Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести