Ѓоковиќ на Мајорка го чуваат четворица телохранители

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, неколку дена е главна атракција на Мајорка во Шпанија, каде што игра на АТП-турнир од серијата 250, и тоа во двојки, а за неговата безбедност се грижат дури четири лица.

Поучени од искуството од 1993 година, кога во Германија со нож беше прободена Моника Селеш, главната ривалка на Германката Штефи Граф, веројатно проценката била дека на островот од кој потекнува Рафаел Надал потребно е посилно обезбедување за Србинот кој последниве години е главен ривал на Надал.

https://twitter.com/i/status/1406273101894193153

- Оглас -

Најнови вести