Ѓоковиќ на врвот 100 недели повеќе од Федерер

Новак Ѓоковиќ е лидер на најновата АТП-листа на најдобри светски тенисери, за Србинот ова е 410-та недела во кариерата како рекет број 1, а тоа е за цели 100 недели повеќе од Роџер Федерер, кој е втор на вечната листа со 310 недели на врвот.

Иако не ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија и неговата бодовна разлика на АТП-листата пред Карлос Алкарас се намали, сепак Ѓоковиќ уште најмалку неколку недели ќе биде прв, а ако му се поклопат резултатите, можеби дури и до „Ролан Гарос“ во мај.

Најдобрите македонски тенисер и тенисерка немаа напредок. Калин Ивановски имаше пад од три места и сега е 329-ти, а кај жените Лина Ѓорческа се наоѓа на 243-тото место.

- Оглас -

Најнови вести