Шок или не: Капитенот на Реал Мадрид не е повикан во составот на Шпанија за настап на СП 2026

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, го објави списокот од 55-мина фудбалери кои ќе конкурираат за настап на Светското првеснтво кое за помалку од еден месец ќе започне во САД, Канада и Мексико. Најголемото изненадување во изборот на Де ла Фуенте е изоставувањето на искусниот Дани Карвахал од Реал Мадрид.

Дефанзивецот кој има 34 години сезонава му е за заборав. Одигра само 885 минути и одлуката на Де ла Фуенте е логична затоа што ветеранот не е во натпреварувачки ритам.

За Карвахал ова ќе биде тешко лето бидејќи неговиот договор со Реал завршува следниот месец, а Кралевите не му ја продолжија соработката. Карвахал е во Реал Мадрид од 2013 година и има одиграно 448 натпревари. Во дресот на шпанската репрезентација има одиграно 52 натпревари и постигнал само еден гол.

- Оглас -

Најнови вести