Роналдо три години го чекаше овој момент, а сега бара помош од публиката

Кога пред три години Кристијано Роналдо пристигна во тимот на Ал-Наср, многумина мислеа дека тоа ќе биде клубот кој ќе доминира во првенството и во Купот на Саудиска Арабија. Сепак, Роналдо уште се нема израдувано на ниту еден трофеј во дресот на Ал-Наср.

Тоа конечно може да се смени вечерва. Ал-Наср е лидер во првенството на Саудиска Арабија и сега е домаќин на Ал-Хилал, кој е директен ривал во трката за титулата. Ал-Наср има 82 бода од 32 меча, додека Ал-Хилал е втор со 77 бодови од 31 натпревар.

Доколку Ал-Наср победи вечерва, тимот предводен од Роналдо ќе има недостижна предност во пресрет на последното коло. Роналдо преку социјалните мрежи се обрати до фановите на Ал-Наср и побара поддршка од трибините.

„Вашата поддршка нè инспирира секоја недела. На стадионот, дома и низ целиот свет. Оваа енергија е со нас на теренот. Да ја искористиме. За нас. За вас. За Ал-Наср. Се гледаме таму!“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести