Ѓоковиќ најави кога ќе се врати на теренот, на неговиот распоред е само уште еден гренслем годинава

Новак Ѓоковиќ најави дека е подготвен да настапи на гренслемот во Париз, популарниот Ролан Гарос, додека останува дилема дали Србинот ќе го гледаме и на Отвореното првенство на САД и останатите турнири кои се на распоредот до крајот на сезоната. Поради пандемијата со корона-вирусот, веќе четири месеци светскиот тениски крем е во мирување и не се играат АТП-турнирите.

Според планот на челниците на АТП, сезоната ќе продолжи кон средината на август, кога е закажан турнирот во Вашингтон (стартува на 14 август), а потоа на распоредот треба да бидат турнирите во Синсинати на гренслемот Отвореното првенство на САД.

Потоа треба да следуваат европските турнири во Кицбил, Мадрид, Рим и гренслемот на Ролан Гарос, кој е закажан за 27 септември. На официјалната страница на Ѓоковиќ е објавено дека Ноле планира да игра во Париз.

„Новак во 2016 година ја освои првата титула на Ролан Гарос и ја комплетираше четворката на гренслем-турнирите. Во 2019 година беше поразен во полуфиналето од Доминик Тим со 2:6, 6:3, 5:7, 7:5 и 5:7. Во 2020 година ќе врати 720 АТП поени“, стои на официјалната страна на Новак Ѓоковиќ.

Тениската сезона беше прекината на почетокот на март, а до тој период Ноле триумфираше на Отвореното првенство на Австралија и АТП турнирот во Дубаи. До прекинот на сезоната, Ѓоковиќ немаше ниту еден пораз во 2020 година.

Од АТП најавија дека планираат да го сменат системот на бодување кој би бил катастрофален за Ѓоковиќ и е најава дека Рафаел Надал може да се врати на првото место на светската листа.

- Оглас -

Најнови вести