Ѓоковиќ: Најголем проблем во тенисот е да го победите Надал во Париз, но сакам предизвици

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој ужива во својата рекордна 311-та недела како лидер на АТП листата, сега има цел да ги стигне и надмине Рафаел Надал и Роџер Федерер кои имаат по две грен-слем титули повеќе од него. Следен од четирите најголеми турнири на светот е парискиот „Ролан Гарос“, каде Надал има дури 12 титули.

Лани во финалето, Надал го збриша Ѓоковиќ, но тоа не значи дека Србинот однапред ќе се предаде ако повторно играат финале.

„На франускиот опен уште постои големиот проблем – Рафаел Надал. Но, ќе се обидам. Еднаш го имам победено таму, но многу почесто губев од него. Да го победите Рафа во Париз, треба да бидете максимално подготвени и физички и ментално. Мислам дека во денешниот тенис, најголем проблем е да триумфирате против него на париската земја. Но, јас сакам предизвици, тие ме тераат да дадам максимум од можностите“ – изјави 33-годишниот Ѓоковиќ.

Отвореното првенство на Франција, популарниот „Ролан Гарос“, почнува на 23-ти мај. Новак го има освоено само во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести