Ѓоковиќ: Не бев заморен, Надал беше подобар

Иако е факт дека Новак Ѓоковиќ имаше многу напорна недела и помалку време за одмор од Рафаел Надал, не сакаше да каже дека заморот е единствена причина за неговиот пораз од Шпанецот во финалето на Мастерсот во Рим. Најдобриот тенисер на светот му честираше на својот ривал со кого наскоро ќе водат битка за титулата на вториот гренд слем турнир сезонава, „Ролан Гарос“.

„Не сакам да зборувам за заморот, туку да му честитам на Надал. Тој беше подобар од мене. Успеав да го освојам вториот сет и да го одложам крајот на мечот, ова ми е еден од омилените турнири, атмосферата е прекрасна“, рече Ѓоковиќ.

Рафа му се одмазди на Новак за поразот во финалето во Мелбурн на Отвореното првенство на Австралијан, му побегна на ривалот за една титула во бројот на Мастерс трофеи и со зголемена самодоверба ќе оди во Париз. Надал од 2005 наваму освои девет титули во Рим, па и тој кажа дека ова му е еден од омилените турнири во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести