Ѓоковиќ не доби ништо од бонусите на АТП, но повторно заработи најмногу пари во 2023 година

Меѓународната тениска асоцијација, АТП, ги подели бонусите за тенисерите за 2023 година. Тие изнесуваа околу 30 милиони долари, но најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, не доби ништо од таа сума. Сепак, Србинот и без бонусот заработи најмногу од сите тенисери оваа година, речиси 16 милиони долари, а со дополнителниот бонус од 4,44 милиони долари, блиску до него заврши и Шпанецот Карлос Алкарас.

Новак Ѓоковиќ оваа година освои вкупно седум трофеи, од кои три се од гренслем-турнирите. Србинот победи на Отвореното првенство на Австралија, Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, додека на Вимблдон играше во финалето. Од останатите турнири, Ѓоковиќ славеше на мастерсите во Париз и Синсинати, турнирот во Аделајд и на завршниот мастерс во Торино.

Најголема заработувачка во 2023-тата година:

  1. Новак Ѓоковиќ – 15,952 милиони долари (бонус 0)
  2. Карлос Алкарас – 15,196 милиони долари (бонус 4.44)
  3. Данил Медведев – 11,548 милиони долари (бонус 2.31)
  4. Јаник Синер – 10,456 милиони долари (бонус 2.1)
  5. Андреј Рубљов – 6,57 милиони долари (бонус 1.08)
- Оглас -

Најнови вести