Ѓоковиќ не се ни испоти во дуелот против сонародникот

Миомир Кецмановиќ беше како спаринг партнер во дуелот со Новак Ѓоковиќ во третото коло на Вимблдон. Српското дерби кое траеше помалку од два часа, одеше во еден правец, фаворитот загуби само седум гејма, и победи со 6-0, 6-3, 6-4.

Ѓоковиќ можеше да победи и поубедливо, водеше со 5-2 во третиот сет, но тогаш Кецмановиќ освои два гејма по ред.

Во следната рунда, Ѓоковиќ ќе се сретне со Тим Ван Рајтховен (104-ти на АТП листата), кој во три сета го елиминираше Николоз Басилашвили.

 

- Оглас -

Најнови вести