Ѓоковиќ откри кој му е најголемиот ривал, Федерер, или Надал?

Новак Ѓоковиќ победнички со титулата од Рим ќе патува за Париз, на Ролан Гарос, а таму веројатно ќе го чека и најголемиот ривал, Рафаел Надал, во царството на Шпанецот во кое Рафа освои дури 13 пехари.

Ѓоковиќ сега е топ-фаворит, а откри и кој му е најголемиот ривал во легендарното тениско тројство со Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Тројцата заедно имаат 61 гренслем круна, Надал 21, а Ѓоковиќ и Федерер по 20.

„Секогаш имавме здрав ривалитет и спортски се натпреваруваме за победи, за титули, но за мене Рафаел Надал е најголемиот ривал во кариерата. Созреав како играч, благодарение на него и тој ме туркаше во вистинскиот правец“, изјави Ѓоковиќ за „Марка“.

Повторно тие двајца ќе бидат главни фаворити и ривали за пехарот на Ролан Гарос, откако Федерер, кој е и највозрасен се поретко игра на турнирите.

Гренслемот во главниот француски град веќе почна со квалификациските дуели, а на главната сцена ќе се игра од 22. мај до 5. јуни.

Надал е апсолутен рекордер со 13 титули, а пехарот ќе го брани Ѓоковиќ по ланското драматично финале и пресврт против Циципас од 0:2 до 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести