Ѓоковиќ откри што мисли за отсуството на Надал и Федерер од Отвореното првенство на САД

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, продолжува со неверојатната низа без пораз во 2020 година. Ѓоковиќ, кој уште на почетокот на сезоната победи на гренслемот во Австралија, потоа се радуваше и на сите досега одиграни дуели. Сега Србинот е главен фаворит за титулата на прославениот гренслем во Њујорк.

Според многумина, задачата на Ноле е олеснета затоа што на Отвореното првенство на САД ги нема неговите најголеми ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер. Ѓоковиќ вели дека тоа што овие двајца тенисери не се на турнирот, нема големо значење за него, но секако има за самиот турнир.

„Како ми влијае отсуството на Рафа и Роџер мене? Никако. На турнирот сигурно има големо влијание затоа што тоа се легенди во тенисот, но мене ми нема никакво влијание. Мислам дека и без нив конкуренцијата е многу силна“, рече Ѓоковиќ, кој во второто коло го загуби првиот сет во дуелот со Британецот Кајл Едмунд, но на крајот славеше со 3:1. 

Во третото коло противник на Ѓоковиќ ќе му биде Германецот Штруф.

 

- Оглас -

Најнови вести