Ѓоковиќ по брза постапка го „реши“ Кокинакис и се пласира во третото коло

Новак Ѓоковиќ не дозволи никакво изненадување во дуелот против Танаси Кокинакис во второто коло на Вимблдон. Србинот славеше лесно со 6:1, 6:4, 6:2 и само за два часа ја заврши работата и си обезбеди пласман во третото коло.

Едвај половина час траеше првиот сет кога Ѓоковиќ доминираше и го доби со убедливи 6:1. Австралискиот тенисер најголем отпор даде во вториот сет, кога Кокинакис загуби само еден гејм на свој сервис и затоа го загуби само со 6:4.

Во третиот сет, Ѓоковиќ ја доврши работата започната во првите два сета. На противникот му направи два брејка и на крајот со 6:2 го доби овој сет и без грешка се пласира во следната фаза.

Французинот Амбер направи изненадување откако со 3:1 во сетови го елиминира фаворизираниот Каспер Руд. Со 3:1 во сетови победи и Кецмановиќ против Табило, додека Тијафо со 3:0 го елиминира Мартерер од Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести