Борбата на Ѓоковиќ против Австралија (Живо)

Во живо ви ги пренесуваме сите најнови случувања од судењето на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн.

3:00 Судијата Кели му нареди на судскиот службеник да го премести Ѓоковиќ на локација од која ќе може да го следи судењето.

2:52 Адвокатот Вуд вели дека овластеното лице кое ја донел одлуката визата да биде поништена не обезбедил докази дека претходната инфекција од Коронавирусот не е валидна причина за медицинско ослободување од вакцинација против Коронавирусот пред да влезе во Австралија.

Во тој случај, единствен валиден доказ на кој може да се смета е медицинската белешка која ја приложил Ѓоковиќ, а таа вели дека вакцинацијата може да се одложи до шест месеци од инфекцијата како валидна причина за медицинско изземање.

02:33 Се огласи и премиерот на Австралија Скот Морисон. „Владата беше многу јасна во своите препораки, кои ги дадовме уште во ноември. Не можевме да бидеме појасни“, порача Морисон.

Според тие препораки, прележан вирус во претходните шест месеци нема да бидат причина за медицинско изземање.

02:20 Адвокатот на Ѓоковиќ уште еднаш потенцира дека тенисерот бил неправедно третиран уште по неговото слетување на аеродромот. Новак воопшто не добил третман каков што е според правилата.

02:05 Судијата Кели ја прераскажува стресната слика која Ѓоковиќ го дочекала на аеродромот. По неколкучасовно чекање, тенисерот во 4 часот наутро добил информација од полицајците дека визата ќе му биде поништена.

Новак не разбрал зошто визата му е поништена и побарал повеќе време за да може да се консултира со своите адвокати и од Тенис Австралија. Но, тој бил притиснат од официјалните лица и визата порано му била укината.

02:00 Според проценките, со тениски речник, Ѓоковиќ го доби првиот сет, но сепак уште е рано да се каже дали на најдобриот тенисер во светот ќе му биде дадена дозвола за влез во Австралија и настап на Гренд слем турнирот во Мелбурн.

01:45 Судијата Ентони Кели се согласи со адвокатот на Ѓоковиќ и постави прашање, зошто делегатот не го прифатил документот од Тениската федерација на Австралија, откако со приложената медицинска белешка се потврдува дека се работи за медицинско изземање.

„Од ова што го рековте, ми се чини дека личноста направила се според прописите. Ги предала сите докуменити кои биле побарани од него. Визата му е поништена иако прифесор и врвен лекар му го дале потребното медицинско изземање. Тоа што ме вознемирува е што овој човек (Ѓоковиќ) можел повеќе да направи?“, се запраша судијата Кели.

01:30 Адвокатот Вуд се обидува да докаже дека Ѓоковиќ не направил ништо неправилно од качувањето во авионот па се до следувањето во Австралија и пристапот на пасошката контрола.

Докажани лекари ја составиле лекарската белешка во која се објаснува зошто Ѓоковиќ не може да биде вакциниран и треба да биде изземен. Србинот ги имал сите потребни документи, но едноставно делегатот кој бил таа вечер едноставно решил да му ја укине визата, без да му објасни на Новак по кој основ бил прекршен законот.

01:12 Адвокатите на Ѓоковиќ ги излагаат четирите од нивните седум правни основи. Тие тврдат дека граничните службеници валидно не известиле за намерата Владата да му ја укине визата на Новак. Пред да се откаже нечија виза, Законот за миграција бара од службениците да дадат соодветно известување и време за луѓето да одговорат. Адвокатите се обидуваат да докажат дека властите не ги следеле процедурите.

01:08 Во Австралија веќе е распространет новиот сој на Омикрон и дневно има и по 90.000 нови случаи. Влегувањето на Ѓоковиќ во земјата нема да направи голема разлика, потенцираат адвокатите на Србинот.

01:05 Адвокатите на Ноле тврдат дека тенисерот преставувал „ситен ризик“, со оглед на тоа дека тој веќе го прележал вирусот и на тој начин е намален ризикот за негово повторно заразување и пренесување на други лица.

01:00 Централно место во денешниот случај ќе бидат процесите што службениците за имиграција ги користеле за да му ја откажат визата на Ѓоковиќ и дали тие постапиле правилно.

Според законот, властите може да му ја укинат визата на некој доколку проценат дека постои ризик за „здравјето, безбедноста или добриот поредок на заедницата во Австралија“.

Австралиските гранични сили (АБФ) процениле дека Ѓоковиќ преставува закана затоа што не бил вакциниран.

00:50 Адвокатот Николас Вуд ќе го брани Ѓоковиќ. Тој е адвокат познат како специјалист за имиграциони случаи. Тука е и адвокатот Пол Холденсон. Двајцата на шега беа претставници како играчи од тимот на Новак.

00:45 Рочиштето започна, но нема стрим поради технички причини. Адвокатите на Ѓоковиќ ќе тврдат дека нивниот клиент бил неправедно третиран и без соодветна постапка на аеродромот.

00:40 Уште се чека решавање на техничките проблеми. Адвокатите на Ѓоковиќ први ќе имаат излагање пред судот.

00:35 Британскиот ББЦ најавува дека е можно судијата дури во вторник да ја донесе конечната одлука.

00:30 Судењето требаше да започне точно на полноќ, но доцни веќе половина час, а според најавите причина за тоа се технички проблеми.

00:10 Поради пандемијата со Коронавирусот, во судницата ќе биде само судијата, додека Ѓоковиќ ќе се обрати преку видео линк од друга соба.

00:02 Според најавите, процесот треба да трае неколку часа, а потоа судот да ја донесе конечната одлука.

Новак Ѓоковиќ по четири дена конечно го напушти хотелот во кој се сместени мигрантите кои немаат дозвола за влез во Австралија и се упати кон судот каде треба да ја слушне пресудата дали ќе добие дозвола за влез во земјата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести