Ѓоковиќ по пристигнувањето во Мелбурн: „Ми се превртуваше желудникот на терминалот“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е најголем фаворит за освојување на првиот грен-слем турнир оваа година, Австралија опен. Отако играше на Јунајтед куп со репрезентацијата на Србија, Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн и првото прашање што го доби беше за искуството од пред две години и емиграцискиот притвор во кој се најде.

– “Овојпат не бев таму. Кога се вратив во Мелбурн, дојдов на истиот терминал на кој бев и пред две години. Го видов цело она страдање кое го проминав тогаш во емиграцискиот дел. Дури и го препознав човекот кој беше тука. Тоа беше лошо чувство, ми се превртуваше желудникот. Се уште не сум бил до тој хотел, ќе размислам. Не е поради страв, но можеби ќе одам. Не знам дали уште има некој таму. Човекот кој таму пристигнал кога имал 15 години останал девет години, но сега живее во Минесота. Чувствувам поврзаност со него. Ако нешто е позитивно од сето тоа, тогаш тоа е дека привлеков медиумско внимание.“ – рече Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ настапот на Австралија опен го започнува утре во девет часот по македонско време со дуел против хрватот Дино Призмиќ.

- Оглас -

Најнови вести