Ѓоковиќ по жесток дуел загуби од Синер во Саудиска Арабија

Првиот светски рекет Јаник Синер го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови на турнирот во Саудиска Арабија.


Италијанецот во првиот сет двапати го одзеде сервисот на Ѓоковиќ и го доби релативно лесно со 6-2.

Србинот возврати во вториот сет откако славеше во тај-брејк, каде Ѓоковиќ победи со 7-0, на поени.

Во третиот сет имаше брејкови и на двете страни, но Синер успеа да го комплетира мечот откако го доби со 6-4 во гемови.

Синер во финалето ќе игра против победникот од мечот меѓу Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

- Оглас -

Најнови вести