Ѓоковиќ подготвен за уште една победа од 3:0

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, го продолжува походот кон освојување на титулата на Ролан Гарос. Србинот ќе игра против Жан-Ленард Штруф од Германија, во осминафиналето од Гренд слемот на земјена подлога. Мечот се игра на најголемиот тениски стадион во Европа, „Филип Шатрие“, а се очекува Ѓоковиќ лесно да се пласира во четврт-финалето.

Против Штруф, Ноле има играно само еднаш, и тоа во 2017 година во Доха, кога немаше никакви проблеми. Сепак, Германецот во изминатиов период ја подобри играта и верува дека може да му даде отпор на Ѓоковиќ, кој во досегашниот дел од турнирот не загуби ниту еден сет и во сите три меча беше убедлив.

Освен дуелот на главниот терен, денеска треба да има уште неколку интересни средби. Нишикори и Пер треба да го доиграат мечот започнат вчера, кој беше прекинат поради мрак. Нишикори води со 2:1 во сетови. Денеска играат и: Фоњини – Зверев, Тим – Монфис и Хачанов – Дел Потро.

На женскиот дел од турнирот ќе играат: Кенин – Барти, Синијакова – Киз, Халеп – Швјонтек и Анисимова – Болсова.

Комплетната понуда за обложување на сите мечеви од Ролан Гарос може да ја видите на сајтот на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести