Ѓоковиќ прави фешти: Прво организираше фудбалски меч, а потоа пееше еден од најпознатите летни хитови (Видео+фото)

Новак Ѓоковиќ се покажува како одличен домаќин на тенискиот тирнир „Адрија тур“, што го организира во Белград. Освен мечевите на тенискиот терен, Новак организираше и фудбалски меч меѓу познати личности во Србија и тенисери. Тенисерите победија со 3:2, но тоа што беше поважно е одличната атмосфера за време и по мечот.

По завршување на фудбалскиот дуел, најдобриот тенисер во светот заедно со своите пријатели, прегрнати го пееја познатиот летен хит „Тропски бар“ од Владо Георгиев, покажувајќи дека воопшто не е загрижен поради опасниот Коронавирус.

 

View this post on Instagram

 

Pa kaže! 💪❤️ #Djokovic #Niggor #TropskiBar #AdriaTour #Beograd #Srbija

A post shared by HOTSPORT (@_hotsport) on

- Оглас -

Најнови вести