Ѓоковиќ пресмета како може да биде број 1 на крајот на 2019

Откажувањето на Рафаел Надал пред полуфиналниот настап на Мастерсот во Париз, му ја отвори вратата на Новак Ѓоковиќ да биде број 1 на АТП листата на крајот на годината.

Од задутре, Шпанецот ќе го преземе врвот и таму ќе биде две недели, но дали ќе остане прв и по завршувањето на сезоната, сега не зависи од него, туку од Србинот.

Ѓоковиќ утре во Париз игра финале со Денис Шаповалов, и ако победи, ќе ги одбрани освоените 1.000 поени од лани.

За да ја заврши 2019 година како прв, популарниот Ноле треба да го освои Мастерсот во Париз, и на завршниот Мастерс во Лондон, да биде барем финалист. Ако Ѓоковиќ утре попладне загуби од Шаповалов, тогаш мора да триумфира во Лондон за да се врати на чело на ранг-листата на најдпбри светски тенисери.

- Оглас -

Најнови вести