9.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Ѓоковиќ призна дека имал трема кога се запознал со една ѕвезда (Видео)

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се подготвува за утрешниот дуел во Рим со сонародникот Филип Крајиновиќ, кого никогаш го нема победено во кариерата, а официјален меч играле еднаш и победил Филип откако Новак се предал поради повреда.

Ѓоковиќ гостуваше во кратката емисија „Без маски“, во која одговараше на прашања кои повеќе се поврзани со неговиот приватен живот.

Едно од прашањата беше дали Ѓоковиќ некогаш имал трема кога запознал некоја славна личност, а тој рече: „Да, кога го видов Роберт де Ниро“. Новак не го криел воодушевувањето пред неколку години кога го сретнал актерот Де Ниро.

Ова е интервјуто во кое Новак откри занимливости:

https://twitter.com/i/status/1306182963546079233

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести