Ѓоковиќ призна дека не е најдобар: Тој е подобар од мене

Новак Ѓоковиќ уште чека на освојување на првиот трофеј во 2022 година. Србинот на Мастерсот во Мадрид загуби во полуфиналето, и тоа од младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, кој подоцна стигна и до трофејот.

Сега Ноле и останатите тенисери пристигнаа во Рим како подготовка за Мастерсот во главниот град на Италија. Србинот првпат јавно призна дека оваа година не е најдобар тенисер во светот и тоа му го препушти токму на тинејџерот од Шпанија.

„Ќе биде добар турнир и штета што ќе недостасуваат само Карлос и Роџер. Не сакам да правам споредби, но моментално Карлос Алкараз е најдобар тенисер во светот за оваа година. Импресивно е како на смирен начин ги решава мечевите. Комплетен играч кој игра феноменално. И надвор од теренот е мирен дечко. Му посакувам сè најдобро. Тој секако ќе биде еден од главните фаворити за освојување на Ролан Гарос“, рече Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести