Ѓоковиќ продолжува да разочарува на Мастерс турнирите, елиминиран и во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ е елиминиран во четвртото коло од Мастерс турнирот во Монте Карло откако речиси по два и пол час игра загуби од Данил Медведев. Рускиот тенисер беше подобар во три сета, и тоа со 6:3, 4:6, 6:2. За Медведев ова е најголем успех во кариерата, а во полуфиналето ќе игра против Душан Лајовиќ.

Најдобриот тенисер во светот сезонава игра очајно на Мастерс турнирите. Во Мајами загуби во четвртото коло, исто како и денеска, а во Индијан Велс стигна до третото коло. Медведев никогаш не бил посебно добар на земјена подлога, но успеа да се надмине себе си и да го победи големиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести