Ѓоковиќ против Надал за последен пат, Синер и Алкараз за награда од дури 6 милиони евра!

Вечерва во саудиската престолнина Ријад на „Шест кралеви слем“ егзибицискиот турнир се играат два спектакуларни и историски тениски натпревари.

Најпрвин од 18.30 часот силите ќе си ги одмерат легендите Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, и ова ќе биде нивен последен меѓусебен дуел. Досега тие одиграле 60 пати, скорот е 31-29 за Србинот, кој е огромен фаворит и вечерва. Надал е при крај со кариерата, далеку е од формата која ја имаше некогаш, многу скоро оди во пензија, а неговата последна победа над Ѓоковиќ беше на „Ролан Гарос“ пред две години.

Летоска на олимпискиот турнир во Париз, Ноле лесно го совлада Рафа со 6-1, 6-4, затоа и квотите во Sport Life најавуваат негов нов триумф над стариот ривал во дуелот на двајцатра тенисери со најголем број на освоени гренслем титули.

Откако Ѓоковиќ за последен пат ќе играат еден против друг, потоа следува финалето помеѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз кои во моментов се на првите две позиции на АТП листата и веројатно уште многу пати ќе играат меѓусебе во кариерите. Италијанецот Синер важи за фаворит на хартија, но нема да биде изненадување ако триумфира и Шпанецот.

Победникот од ова финале дома ќе си замине побогат за дури 6 милиони евра. На ниту еден друг тениски турнир нема толку голема парична награда како во Ријад и затоа најдобрите на светот не го испуштаат овој турнир на кој не се освојуваат поени.

- Оглас -

Најнови вести