Нов сензационален резултат на САД опен. После елиминацијата на Карлос Алкарас, во аут е и Новак Ѓоковиќ, откако загуби со 3-1 од австралискиот тенисер, Алексеј Попирин, во третото коло.
Србинот ги загуби сите три сета со идентични 6-4, а единствено го доби третиот со 6-2, кога успеа да намали на 2-1 и да влее малку надеж дека има сили за пресврт. Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ првпат после 2017-тата година нема да освои ниту еден грен-слем турнир во сезоната.
Мечот започна израмнето, а се можеше да оди во друга насока ако Ѓоковиќ успееше да направи брејк во шесттиот гејм, кога имаше водство од 40-0 и пет брејк топки. Сепак, Попирин се врати, го одбрани својот сервис, а потоа и направи брејк во деветтиот гејм. Србинот и во вториот сет не личеше на себе, лесно се предаваше на сервис на противникот и не беше ниту блиску до брејк, што му појде од рака на Попирин во петтиот гејм.
Ѓоковиќ беше убедлив во третиот сет, во кој успеа да направи три брејка, а да загуби само еден, па во четвртио сет уште на стартот имаше шанса комплетно да се врати во игра, но не искористи две брејк топки во вториот гејм, а потоа успеа да загуби два сервиси.
28-миот тенисер на АТП ранг листата, Алексеј Попирин, во осминафиналето ќе игра против Тиафо од САД, додека Ѓоковиќ за две седмици треба да игра за репрезентацијата на Србија во Дејвис купот, а потоа и на турнир во Кина.