27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Ѓоковиќ се доближува до еден рекорд на Федерер за кој ретко кој веруваше дека може да биде срушен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по јубилеен 10-ти пат се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија откако без многу мака го елиминира Андреј Рубљов. Досега секогаш кога Ѓоковиќ ќе се пласирал во полуфиналето на гренслемот во Мелбурн, на крајот се радувал и на трофејот.

Ако се гледаат сите четири гренслем-турнири, за Новак ова е 44-то полуфинале во највредните тениски турнири во светот. Во ерата на модерниот тенис, Роџер Федерер е рекордер со 46 учества во полуфинале на гренслем-турнир. Пензионираниот Швајцарец стигна до таа бројка која долго време делуваше како недостижна, но Ѓоковиќ со своите игри покажува дека е реална закана за овој рекорд на Федерер.

На вечната листа на тенисери со најмногу учества во полуфиналето, трет е Рафаел Надал со 38 полуфиналиња, а во Топ 5 се уште и Џими Конорс со 31 учество во полуфиналињата и Иван Лендл, кој 28 пати бил меѓу најдобрите четворица тенисери на гренслем-турнир.

Доколку Ѓоковиќ добие дозвола за настап на Отвореното првенство на САД оваа година и ако Србинот продолжи во оваа форма како досега, можно е и на следните три гренслем-турнири во 2023 година да игра во полуфинале, што би значело и рушење на рекордот на Федерер.

- Оглас -

Најнови вести