Ѓоковиќ се двоуми: „Дали воопшто ми е потребен тренер?“

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, по разделбата со Горан Иванишевиќ, остана без тренер. Србинот на турнирот во Монте Карло тренираше со поранешниот најдобар светски тенисер во двојки, Ненад Зимоњиќ, но сè уште нема одлука дали соработката ќе продолжи.

„Сèуште се прашувам дали воопшто ми треба тренер. Размислувам за различни работи. Бев на претходниот турнир со Ненад Зимоњиќ и конечната одлука ќе ја донесам во следните неколку седмици или месеци. Играм професионално тенис повеќе од 20 години и имав различни тренери и тимови. Не мислам дека не ми треба тренер или физиотерапевт бидејќи тимот е формулата за успехот. Јас во моментов сум во фаза од кариерата во која се прашувам дали воопшто ми треба тренер“, вели Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести