И тенисерите бојкотираат, не се играат мечевите во Синсинати!

Мечевите кои денеска требаше да се играат на Мастерс турнирот во Синсинати се одложени. Причина за тоа е полициската бруталност во САД и поддршка за движењето „Животите и на црните луѓе се важни“. Пред неколку дена во САД со седум куршуми во грб беше застрелан невоооружен Афроамериканец, кој сега е во болница и се бори за својот живот.

Одлуката да не се играат денешните мечеви во Синсинати е само продолжување на одложените спортски настани во САД. Најпрво кошаркарите во НБА-лигата решија да бојкотираат, а потоа се приклучија и фудбалерите, но и останатите професионални спортисти.

Според планот, турнирот во Синсинати ќе продолжи утре.

Од спортски аспект на турнирот во Синсинати, најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ експресно се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати откако убедливо со 6:3, 6:1 го победи Јан-Ленард Штруф од Германија. Ѓоковиќ ги има добиено сите четири меча со овој ривал, но се чини дека синоќа му беше најлесно, затоа што мечот траеше само 64 минути.

Следен ривал на Србинот е Роберто Баутиста од Шпанија, кој во драматичен меч, дури по три сета го победи Медведев од Русија со 1:6, 6:4, 6:3. Мастерсот во Синсинати има посебен мотив за Новак затоа што Србинот сега е на два чекора од израмнување на рекордот на Рафаел Надал.

Шпанецот има освоено рекордни 35 Мастерс турнири, додека Ноле е на бројката од 34 титули. Доколку успее да се пласира во финалето, а потоа и да победи, Ѓоковиќ ќе го израмни рекордот на Надал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ATP Tour (@atptour) on Aug 26, 2020 at 8:19pm PDT

- Оглас -

Најнови вести