Готово е, Иванишевиќ повеќе не е тренер на Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа тениската соработка. По пет години заедника работа, Србинот и Хрватот ставија точка и во иднина секој ќе оди по својот пат. Оваа вест утрово ја објави Ѓоковиќ, и тоа преку социјалните мрежи.

„Горан и јас пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Хемијата на теренот имаше убави и лоши моменти, но нашето пријателство секогаш било цврсто како карпа. Шефињо, благодарам за сè пријателу. Те сакам!“, меѓу другото порача Ѓоковиќ во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Овој двоец ја започна соработката непосредно пред почетокот на Вимблдон во 2019 година, а со заедничка работа Ѓоковиќ освои девет грендслем-титули.

Оваа 2024 година започна лошо за Ѓоковиќ и по три месеци уште нема освоено ниту еден трофеј. Србинот не го одбрани тронот на Отвореното првенство на Австралија, а на Индијан Велс неочекувано загуби од Лука Нарди. Во последно време нема хемија во тимот на Ѓоковиќ, па сè почесто се случуваше тенисерот нервозно да вика кон својот тим, каде што главен беше Иванишевиќ.

Ѓоковиќ не откри кој ќе биде негов нов тренер и засега тренира заедно со брат му Марко.

- Оглас -

Најнови вести