Ѓоковиќ си поигра со Циципас, и најави дека е главен фаворит на „Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ ја освои својата 38-ма Мастерс 1000 титула во кариерата, и го подобри рекордот по број на вакви освоено турнири. Српскиот ас во денешното финале во Рим против Стефанос Циципас, првиот сет го доби со 6-0, а потоа во вториот славеше во тај-брејк со 7-6, правејќи пресврт, по водството на Гркот од 4-1 во гејмови.

Циципас при 5-4 сервираше за 1-1 во сетови, но светскиот рекет број 1 направи брејк и покажа дека е во добра форма.

Новак без загубен сет го освои Рим, Рафаел Надал е повреден и не се знае дали ќе се  појави во Париз, па Ѓоковиќ најави дека ќе биде топ фаворит на „Ролан Гарос“, а можеби главен конкурент ќе му биде Карлос Алкараз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести